Најголемите имиња на филмската индустрија прошетаа по црвениот тепих на 70-тото доделување на наградите Emmy.
Исто како и секоја година, покрај дискусиите за најдобрите филмови и серии се дискутираше и за тоа кој како е облечен. Познатите филмски диви дадоа се од себе за да блеснат на гламурозното доделување на наградите.
Оваа година доминираа фустаните во пастелни бои, светликави и бели фустани со дизајнерски потписи.
Scarlet Johansson, Jessica Biel и Penelope Cruz (Chanel Haute Couture) беа едни од најдобро облечените дами, а имаа и нешто заедничко – сите тие носеа бели фустани.
За пастелни нијанси се одлучија Vanessa Kirby во Toma Ford и Alexis Bledel во Delpozo.
Нешто похрабри од нив беа Chrissy Teigen и Keri Russel во Zuhair Murad) кои одлучија да блеснат во вистинската смисла на зборот.