Сите ние ја сакаме свежината и боите на цвеќињатa. Не е тешко да се погоди зошто, цвеќињата се убави.

Сепак, нивната убавина не единствена причина зошто тие треба да се најдат во нашиот дом. Докажано е дека цвеќето има извонредно влијание на нашето расположение, подобрување на нашето здравје и на перформансите при работа.

 Еве неколку причини зошто сите треба да имаме свежо цвеќе во домот

1. Подобрување на расположението

Научните истражувања покажуваат дека цвеќето навистина може да го подобри вашето расположение, да ја зголеми среќата и да ги намали стресот и анксиозноста.

Исто така, истражувањата ни покажуваат дека пациентите кои се опоравуваат од операции во соба со цвеќиња пријавиле пониски стапки на болка и помал стрес и замор, отколку оние во простории без цвеќиња. Тоа ја покажува нивната моќ!

 

 

  1. Подобрување во работата

За луѓето кои работат од дома и сакаат да ја подобрат својата концентрација или креативност, букет свежо цвеќе е лесен начин да се стимулираат и двете. Светли цветови во ниска вазна се идеални за вашата работна маса. Доколку сакате смиреност во работниот простор, одлучете се за полесни бои кои се близу едни со други на палетата на бои, додека изборот на светли и контрасни бои ќе ви ја зголеми енергијата.

 

  1. Го красат вашиот дом

Цвеќињата се најбрз начин за декорирање на вашиот дом. Светлите аранжмани ги интензивираат вибрациите на вашиот животен простор, ги осветлуваат домовите со темен мебел или ограничена светлина. Додека цветовите со силни бои одговараат за светли домови со пудрести детали.

 

 

  1. Добредојде за вашите гости

Нема подобар начин да ги поздравите гостите во вашиот дом, отколку со свеж букет поставен во ходникот или друга просторија. Свежите цвеќиња се совршена поставка на масата за вечера или ручек. Поздравувајќи ги вашите гости со цвеќиња, исто така, ќе го подобрите нивното расположение.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОткријте ја убавината на Chefchaouen (Синиот град) во Мароко!
Следна објаваНајубавите фустани на 70-тото доделување на наградите Emmy!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР