Придобивки и ризици од пиење кафе
Чаша кафе наутро ви нуди многу повеќе од зголемување на енергијата. Здравствените придобивки од консумирање кафе, велат некои истражувачи, може да варираат од помош да се спречи дијабетесот до намалување на ризикот од заболување на црниот дроб.
Со повеќе од 400 милијарди чаши кафе кои се смета дека се консумираат на годишно ниво, кафето е едно од најпопуларните пијалаци во светот. Но, дали е навистина здраво и дали постои ризик од консумирањето?
Придобивки
Потенцијалните здравствени придобивки поврзани со пиењето кафе вклучуваат заштита од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, заболување на црниот дроб, рак на црниот дроб и здраво срце.
Некои студии сугерираат дека кафето може да помогне во спречување на прерана смрт, намалување на смртноста, заштита против цироза, во намалување на ризикот од мултиплекс склероза, заштита против колоректален карцином.
Некои од овие тврдења треба да бидат потврдени со понатамошни истражувања
Ризици
Пиење премногу кафе може да резултира со многу негативни ефекти. Според студијата на истражувачите на Универзитетот во Оклахома, “кофеинот може да предизвика симптоми на анксиозност кај нормални поединци, особено кај ранливи пациенти, како оние со претходно постоечки анксиозни нарушувања”.
Покрај тоа, употребата на кофеин е исто така поврзана со симптоми на депресија и теоријата дека самиот кофеин предизвикува промени во расположението. Други можни ризици се: негативен ефект врз кардиоваскуларното здравје кај млади лица со блага хипертензија како и нарушување на телесниот часовник.
Здравствените ефекти на кафето се контроверзни. И покрај тоа што можеби сте слушнале, има многу добри работи да се каже за кафе. Кафето има високо ниво на антиоксиданти и е поврзано со намалување на ризикот од многу болести. Меѓутоа, исто така, содржи кофеин, стимуланс кој може да предизвика проблеми кај некои луѓе и да го наруши спиењето.