На почетокот на Њујоршката модна недела Tom Ford презентираше гламурозна колекција за пролет / лето 2019 година.
Спротивно на неговата претходна колекција, која имаше пренагласени принтови, детали и монистри, новата линија е инспирирана од носливи креации и во посмирени бои.
Со цел да направи дистанца од актуелните трендови, Ford приреди вистинско женствено-гламурозно дефиле на модната писта.
Костимите со молив здолништа изработени од кожа беа застапени на пистата, со деконструирани смокинзи и лесни здолништа, а палетата на бои се движеше од бели, пудрести тонови, виолетови, па се до маслиново-зелена и црна боја.