Ви го претставуваме виртуелниот свет на Romain Kremer, креативниот директор на шпанскиот бренд Camper, кој со самодоверба ја прикажа својата силна имагинација во кампањата есен/зима 2018 година, пренесувајќи не во светот помеѓу апстракцијата и апсолутот.
Оваа колекција се состои од девет нови портрети на напредни унисекс стилови за есен / зима 2018. Меѓу дебитантите во колекцијата се моделите Rolling и Pix, а Halix и Brut доаѓаат во долгоочекуваното зимско издание. Моделот Thelma ќе ги израдува сите дами за кои авангардниот момент е неопходен за чевлите со високи потпетици.