WeWork Studio, ја дизајнираше својата нова канцеларија WeWork Champs-Élysées, која се наоѓа во главниот град на Франција …
Бизнис просториите, лоцирани на истата адреса, која била дом на Томас Џеферсон, го принудиле тимот на WeWork да го сочуваат неговиот оригинален стил и историското значење. Целта била насочена кон создавање на интересен ентериер, со современ контраст помеѓу дизајнираните додатоци, комплементарни со постоечките завршетоци.
Како клучна инспирација послужиле Jardins Majorelles, ботаничките градини кои се наоѓаат во Маракеш, насликаниот бетон во сина боја и акцентираните жолти тонови, зелени палми и кактуси, додека сите употребени нијанси и материјали се вешто вклучени во новиот работен простор и ентериерот на објектот WeWork Champs Elysees.
Објектот содржи канцеларии, заеднички површини, вклучувајќи библиотека, трпезарија, велнес и соби за медитации, студија за снимање, проект сали, тераси и голем простор за паркинг.