Најстарата куќа за накит во светот, Mallerio, претстави иновативен ѓердан Medici чиј дизајн, благо речено не остава без текст …
За да ја најде инспирацијата за овој дизајн, уметничкиот директор Laura Izabel Melerio (која ја претставува 14-та генерација на фамилијата јувелири и прва жена на таа позиција) помина шест месеци во архивите на куќата Mellerio, која се наоѓа во нивниот бутик на плоштадот Vendôme во Париз.
Овој прекрасен ѓердан е изработен со флексибилна базна структура која и помага оваа фантастична креација од бело злато да ги задржи на себе 15-те рубини и повеќе од 5.0000 дијамнати. Герданот чини 2.3 милиони долари.
Педигрето на куќата Mallerio се протега со векови назад, до 17-тиот век, кога меѓу многуте легендарни клиенти на куќата биле Марија Медичи, француската кралица и мајка на Луј XIII, која прва побарала дизајн по нарачка. Меѓу познатите клиенти била и кралицата Марија Антоанета, која била голем љубител на накит, а во 1870 година купила нараквица со драгоцени камења во Mallerio бутикот во Париз.