Се вљубивме во новите обетки на Zara, кои се “must have” моден додаток за претстојната сезона.
Шпанскиот гигант минатата недела на своите интернетски страници презентираше колекција со полно детали, а посебно пријатно не изненади со накитот кој ги исполни сите наши очекувања.
Благодарение на својата правоаголна форма и кристали, овие обетки се издвојуваат од останатите. Веруваме дека ќе ви бидат омилен моден додаток за претстојната есен.