Новите модели на Balmain се виртуелни. Овие модели, кои навистина изгледаат како прави човечки суштества, ги креираше фотографот Cameron-James Wilson, кој во 2017 година ја лансираше ѕвездата Shudu – кој сега доби засилување.
Shudu е првиот виртуелен супермодел во светот, а иако не е вистинска личност, има профил на Instagram со над 420.000 следбеници. Шуду веќе стана sвезда на модните едиторијали на многу списанија, како и едно од лицата на компанијата Fenty Beauty.
Новите виртуелни модели се наречени Margot и Zhi.