Првата асоцијација на Скандинавија, на секој од нас во последно време е поврзана со нивната уметност за дизајнирање на ентериери …
Ентериерите во становите уредени во овој стил се секогаш комфорни, удобни и топли, иако генерално се минималистички, чисти и хармонични, без никакви непотребни детали.
Станот што го претставуваме овој пат е создаден во женствен стил. Создаден е од студиото ZROBYM architects, кои направија од еден сосема обичен стан, бајковита оаза.
Површината на овој стан е 145 м2, а завршен е минатата година. Има кујна, дневна соба, две детски соби, главна спална соба и две купатила.
Секој дел од овој стан е дизајниран со функцииналност и веднаш може да се забележи софистицирана естетика, како и нежни тонови.