Бразилскиот архитект Леандро Гарисја не само што дизајнира модерни простори, туку креира и мебел, како овие неверојатни масички …
Toco Table, како што е наречена новата колекција на масички, се состои од цилиндрична дрвена основа со кружна површина од стакло, која ви овозможува да ја почувствувате и цените убавината на дрвото поставено под него.
Стаклото се чини дека лебди над куполата од дрвена основа, бидејќи единствената врска помеѓу овие два елементи е месинг спојката. Оваа маса е понудена во разни форми и големини, овозможувајќи различни комбинации.