5 природни маски за здрава и убава коса
Секоја жена посакува нејзината коса да има посебен сјај и нежност, да биде здрава и убава, меѓутоа со денешните апарати за виткање или исправување на косата е се потешко да се постигнат тие резултати.
Ние ви нудиме пет природни рецепти со кои ќе ја освежите вашата коса, ќе ја заштитите и обновите.
- Маска од авокадо
За оваа маска потребни ви се само едно авокадо и две лажици маслиново масло. Смесата промешајте ја и нанесете ја по должината на целата коса. Оставете ја да отстои од 15 до 20 минути, потоа темелно исплакнете ја косата.
Авокадото ги содржи витаминот Е и Б-витамините кои овозможуваат побрз раст на косата, додека маслиновото масло и дава мекост и го зајакнува влакното.
Маска од банана и мед
Маската од банана и мед се нанесува исто така на целата коса но најмногу на краевите. Потребно е само да се направи соединета смеса од една банана и две лажици мед. Маската треба да стои најмалку 20 минути а пото темелно да се исплакне.
- Маски со кокосово масло
Кокосовото масло го негува скалпот и помага да се отстрани маснотијата од влакното. Исто така придонесува за брз раст на косата и здебелување на влакното.
Маските за коса со кокосово масло се комбинираат со повеќе продукти. Комбинацијата на кокосово масло и мед ја негува и хидрира косата. Измешајте две лажици кокосово масло и све лажици мед додека смесата не се соедини. Нанесете ја маската на целата коса и оставете ја од 30 до 40 минути. На крај исплакнете ја со топла вода.
- Комбинација на јајце, кокосово масло и мед за сува и оштетена коса
Друга комбинација е кокосово масло со едно јајце и мед. Потребни се две лажици кокосово масло, една лажица мед и едно јајце. Измешајте ги добро состојките и оставете ги на вашата коса од 45 минути до еден час, на крај измијте ја косата со шампон.
- Mаска за коса со кромид
Можеби малку ви звучи чудно, меѓутоа кромидот може многу да помогне при опаѓање на косата и првут. Тој ги убива бактериите кои предизвикуваат опаѓање и првут и така ви овозможува раст на косата. Маската за коса од кромид се прави со алое вера и маслиново масло. Најпрвин исцедете го сокот од кромидот, потоа во него додадете алое вера и лажичка маслиново масло. Добро промешајте и нанесете на косата. Оставете ја маската најмалце 15 минути а потоа измијте ја со шампон.