Како до бели заби на брз и едноставен начин
Популарната изрека вели: „Насмевни се и светот ќе се насмевне со тебе“. Нема сомнение дека убавата насмевка остава силен впечаток за личноста. Да ставиме акцент на зборот убава. Како некој поседува убава насмевка? Се разбира, грижата и негата за забите придонесуваат за блескава насмевка, меѓутоа не може да се исклучат гените или пак начинот на живот, кои исто така влијаат на насмевката.
За да ги избелите забите самостојно и без да потрошите многу пари на препарати и третмани за белеење на заби, еве еден рецепт кој ќе ви помогне да ја добиете насмевката која ја посакувате.
Потребни ви се само малку бела паста за заби која ќе ја измешате во една лажичка со сода бикарбона, потоа, една лажичка хидроген пероксид и пола лажичка вода. Целата смеса промешајте ја и мијте ги забите две минути.
Овој лесен третман користете го еднаш до два пати неделно додека да ги избелите забите. Откако вашите заби ќе станат побели третманот треба да го практикувате еднаш до два пати месечно.