Двете најпознати имиња во светот на декорот ги здружија своите сили и резултатот е прекрасен.
Cole & Son и Fornasetti тукушто ја создадоа третата заедничка колекција на тапети. Љубителите на разновидни обрасци, бои и историја, во оваа колекција ќе го најдат сето тоа што ги интересира. Колекцијата капсула, содржи 12 дизајни кои содржат мотиви со риби, книги, мајмуни или летачки машини.
Инаку, надреалистичкиот стил на Piero Fornasetti бил транспониран на мебел, ентериер и домашни аксесоари уште во педесеттите години од минатиот век. Fornaseti е препознатлив по една од најистакнатите естетики на 20 век.
Може да се каже дека познатиот Италијан бил голем обожавател на италијанската оперска дива , Lina Cavalieri. Нејзиниот лик го транспонирал на чаши, чинии и многу други предмети во повеќе од 300 верзии.
Cole & Son има посебно место во светот на дизајнот. Оваа уметничка компанија е основана во 1875 година и е препознатлива по рачно отпечатени блок тапети, од кои некои ја красат палатата Бакингем и зградата на Парламентот. До 1940-тите, тие станаа една од првите штампарски студија во Европа.
Новата колекција на тапети на двата познати бренда може да биде совршен избор за дневна соба, работно студио, кујна или купатило.