Calzaturificio DUCAL – високо квалитетни и рачно изработени обувки
Ducal се рачно изработени чевли за мажи и жени, изработени од најквалитетна кожа и креирани со големо внимание, што е резултат на седумдесетгодишната традиција во занаетчиството.
Знаењето и искуството стекнато од мајсторот Манети остануваат исклучиво во наследството на семејството. Денес, четвртата генерација на брендот Ducal, останува верна на принципите на своите предци, што значи апсолутно врвен квалитет, почитување на традицијата и креативноста на рачно изработените чевли и додатоци. Ducal е синоним за стил кој ги надминува трендовите и се одликува со софистицирана италијанска елеганција; како и фактот дека 100% се изработени во Италија.
Посебна карактеристика на обувката Ducal е кожната влошка, со дебелина од околу четири милиметри, на која кожениот ремен или “велт” се шие рачно и потоа се шие на на ѓонот.