Совршено е здраво да уживате во јаглените хидрати кои ги сакате, се подразбира во здравите – тие од цели зрна.
Пет причини зошто не треба да ги избегнувате јагленохидратите:
Регулирање на дигестивен систем
Влакната помагаат кај уште една функција на телото: празнење на дебелото црево. Јаглехидратите од цели зрна го штитат вашиот дигестивен систем и овозможуваат редовна елиминација на токсините.
Ќе имате поздрава кожа и коса
Кој би рекол дека вашата убавина започнува со лебот? Но, тоа е вистина: лебот од цели житарки е полн со витамин Б и протеини, со што се намалува бројот на годинитр на вашата кожа и коса.
Ќе имате повеќе енергија
Да, лебот содржи јаглени хидрати. Но, според многу нутриционисти, тие не се нужно лошо за вас. Соодветниот тип обезбедува долготрајна енергија во текот на денот, како и многу други здравствени придобивки.
Вашето општо здравје ќе биде подобро
Без оглед на тоа дали сте млади или стари, мажи или жени, внесувањето на леб од цели зрна има широк спектар на здравствени придобивки. Бројни студии покажаа дека јаглехидратите во цели зрна можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок и рак на дебелото црево.
Ќе бидете посреќни
Дали сте нерасположени? Изедете сендвич без грижа на совеста. Јаглехидратите го зголемуваат серотонинското ниво во мозокот одговорно за добро расположение, кое го подобрува вашето расположение и ја намалува желбата за нездрави закуски како слатки.