Продолжуваме да ги презентираме најдобрите идеи кои можат да ја направат вашата спална соба поубава и помодерна …
Висечки ноќни комоди во стил на лулашки
За да додадете весели и необични детали во вашиот амбиент, можете да се одлучите за висечки ноќни комоди во стил на лулашки.
Ваквите предмети главно се создаваат од единечни парчиња дрво со различни дебелини и јажиња по ваш избор, со пријатен изглед на просторот.
Можете да ги офарбате или да ги лакирате со цел да се вклопат во вашата спална соба на најдобар начин. Ако вашиот простор за спиење е на подкровјето, определете се за четири точки на врзување, за да создадете постабилен дел на мебелот. Ноќните комоди се совршени, забавни и подеднакво разиграни додатоци наменети за возрасните, но и за децата.