Преку говорот и сликите, писмото исто така, претставува едно од најважните средства за комуникација меѓу луѓето.
За убавината на оваа алатка и ефикасноста на пораките во најголема мера придонесувуваат типографи, уметници кои вешто и внимателно, осмислено, креираат, обликуваат и го организираат чудесниот свет на буквите и знаците.
Талентираната типографка Tatianа Astu од Костарика, црпејќи ја инспирација од современата поп-културата, кинематографија и секојдневниот живот, создаде оригинален и весел свет на букви, шарени и разиграни како најубавите спомени од детството.
Во фотогалеријата, погледнете ги буквите илустрирани преку предмети кои на шпански јазик ги содржат нивните иницијали.