За време на нејзината долга кариера, Стела МекКартни остана доследна на идејата дека како дизајнер мора да креира облека која ќе ја носи и самата приватно.
Стела МекКартни ја прикажа колекцијата за есента 2018 година, во која ја одликуваат разновидност, предимензионирани кроеви, како и слоевитост. Во колекцијата доминираат џемпери, трикотажа, карирани палта, долги ракави и патики, како и женствени фустани од свила и тул.
Што се однесува до боите, тие се темно кафени, тегет, бордо, бела, беж, додека дезените се насочени кон тартан, цветни и на оние со мотиви на женски ликови.
Креаторката остана доследна во нејзината одлука да не користи крзно и кожа од животни, што е за пофалба.