Зелената е популарна боја за декорација и има одредени предности …
Таа е освежувачка и неутрална и слободно можеме да кажеме дека е една од боите која најмногу ги одмара очите. Може да се користи речиси насекаде, а со изборот на зелената боја како главна боја, таа може да служи и за отстранување на стресот, поради што најчесто се користи во купатилата и спалните соби, каде што ви е потребна максимална релаксација.
Постојат неколку идеи кои можат да ви помогнат да ја инкорпорирате зелената боја во декоративниот стил на вашите спални соби, а некои од најпопуларните идеи претставува вклучување на акцентни ѕидови, мебел и постелнина, како неразделни сегменти на секој простор за спиење.