Голем стан од 150m2 кој се наоѓа во Милано, Италија, целосно е реновиран и ја одразува модерната елеганција.
Целосниот дизајн на станот е резултат од соработката со архитектите од архитектонското биро ANDEarchitettura и дизајнерот на ентериери Џовани Паоло Вениер, кои беа инспирирани од оригиналната архитектура на 20 век, од кога потекнува и зградата во која се наоѓа станот.
Наместо три спални соби, дневна соба и работно студио, новиот дизајн располага со спална соба, голема дневна соба и студио / гостинска соба, која одговара на начинот на живеење на сопственикот на станот.
Таванската декорација и гипсните изведби даваат чувство на свежина во просториите, во кои доминира синиот мебел. Пододот тerazzo venezian, се протега од влезот до кујната и совршено го надополнува мебелот од месинг, а и осветлувањето совршено се совпаѓа со деталите од месинг.
Резултат од обемното реновирање е софистициран стан, отмен дизајн со луксузен ретро-кадифен мебел и екстравагантни детали кои потсетуваат на 70-тите години на минатиот век.