Италијанската модна куќа Dolce & Gabbana, започна тренд со миленици и познати личности, кои често ги ангажираат во своите рекламни кампањи и модни ревии.
Рекламната кампања наменета за мажи есен / зима 2018 година не е исклучок, а беше снимена во Милано пред препознатливата катедрала Дуомо.
Младите модели носат исклучително атрактивни парчиња облека од новата колекција, која ни претставува многу впечатливи трендови – леопард дезен, цветни принтови, логоа, слогани …
Целата кампања е живописна, разнобојна и позитивна со многу силни бои и смели комбинации, што е карактеристика на брендот Dolce & Gabbana.