Нане коктел со круша
Овој пијалок ќе ви помогне не само да се ослободите од сите негативни чувства, туку и да го подобрите вашето расположение. Комбинацијата од круша, нане и мед е едноставно неспоредлива.
Состојки:
Нане – 50 грама
Вода – 200 мл
Круша – 1 парче
Мед – 1 лажица
Овесна каша – 20 грама
Подготовка:
Ставете го нането во сад со вода. Кога ќе зоврие, оставте да се излади. Измијте ја крушата, отстранете го јадрото и исечете ја на мали парчиња. Ставете ја крушата во блендер, додадете овес и потоа миксирајте. На крајот, додајте мед. Истурете ги сите овие состојки во чајот од нане и мешајте додека не се раствори медот целосно. Овој коктел е најдобро да се пие веднаш, за да ги икористете сите корисни својства.