Експертите веруваат дека шеќерите не треба да содржат повеќе од 5 проценти од потребната дневна енергија.
Возрасните не треба да внесуваат повеќе од 30 грама (7 коцки) на шеќер дневно. Сепак, свесни сме дека внесуваме многу повеќе од дозволено.
Прочитајте ги советите како да го намалите внесот на шеќерот во организмот:
Најдете замена на шеќер
Многумина мислат дека можат да го намалат внесот на калории со замена на шеќер со вештачки засладувачи и со тоа да ја изгубат тежината без големи промени во исхраната. Сепак, истражувањата покажуваат дека вештачките засладувачи не помагаат во губење на тежината. Освен тоа, вештачките засладувачи може да предизвикаат зависност од шеќер и затоа не се препорачуваат.
Оставете ги слатките
Пред импулсивното реагирање на достапноста на слатки, треба да го проверите вашиот нагон ( дали сте гладни и желни токму тогаш или реагирате импулсивно и несвесно). Повеќето луѓе јадат слатки од навика, а не од потреба и често претеруваат и внесуваат многу повеќе отколку што организмот им бара.
Читајте ги декларациите на производите
Ако производот содржи повеќе од 8 грама шеќер, има додатен шеќер или засладувач, а од друга страна, производите кои на декларациите немаат шеќер а се слатки, содржат природен шеќер во себе, што е добро за организомот, бидејќи тие се преработуваат поинаку од вештачките засладувачи.
Престанете да внесувате енергетски пијалоци
Половина од шеќерот кој го внесуваме во телото доаѓа од газирани и негазирани сокови, енергетски пијалаци, кафе и чаеви. Отфрлањето на вашиот омилен пијалок може да биде тешко, но се советува постепено да се намали шеќерот во слатките пијалоци до количина на една кафена лажичка или помалку по пијалок.