Најновата колекција на британскиот дизајнер Tom Dickson е архитектура за вашата трпезариска маса.
Љубовта кон мермерот е јасно изразена во најновата Rock колекција која тој ја потпишува. Тоа е збирка на сензуално изработени шумски објекти за домот во атрактивна зелена боја, како шумата.
“Инспирацијата зад Rock колекцијата беше создавање на интерактивни и разиграни скулптури кои делуваат како архитектура за вашата трпезариска маса”, рече Dickson, додавајќи дека “Rock” колекцијата претставува природен и уникатно цврст материјал кој е синоним за брендот”.
Предметите се изработени од индиски мермер.