Дали сакате вашиот дом да изгледа како луксузно украсените домови на познатите личности?
Единствениот проблем е вашиот буџет, кој е значително различен од буџетот на познатите личности.
Но, не е потребно да потрошите огромни суми на пари, за да го направите вашиот дом да изгледа луксузно. Постојат многу начини за вашиот дом да блесне во ново руво.
Ѕидни тапети
За да ги освежите празните ѕидови, покријте го целиот ѕид со тапети во некоја боја или со некој интересен принт.
Огледало
Дефинирајте го просторот со додавање на огледало. Тоа визуелно ќе го зголеми просторот и ќе го направи посветол. За екстра луксуз, одберете огледало со луксузна рамка.
Чинии на ѕидовите
Чинии во неочекувани бои ќе го направат ѕидот посебен. Важно е да не се со иста големина или текстура.
Полица со книги
Купете полица и пополнете ја со вашите најсакани книги. Потрудете се книгите секогаш да изгледаат уредно.
Детали
Посебно внимание посветете на деталите бидејќи се моќен, а едноставен начин за создавање илузија на луксузниот дом.