Густи и долги трепки се сон на секоја жена.
Ако природата не ви подарила големи и густи трепки, а вие не сакате вештачки, тогаш погледнете го овој рецеп за побрз раст на трепките.
Ви треба празна и чиста маскара или мало стаклено шишенце од лак за нокти, за да се пополни со мешавината.
Состојки:
1 лажица рицинусово масло
1 лажица масло витамин Е
2 лажици Алое Вера гел
Затворете го шишенцето и се добро промешајте. Користете ја оваа мешавина еден месец, со примена на маскарата или четкичето на трепките, секоја вечер пред спиење.
Рицинусовото масло влијае на густината на трепките, витаминот Е го забрзува нивниот раст, а Алоето Вера ги продолжува.