Бројот на млади жени кои немаат клучни витамини алармантно расте, а главна причина се диетите на кои им се подложуваат.
Калиум, бакар и магнезиум се само некои од клучните витамини и минерали кои им недостасуваат на денешните жени, а особено се загрозени тие помеѓу 20 и 30 години. Уште некои витамини и минерали кои недостасуваат во исхраната на современите жени се железото, калциумот и јодот.
На просечната жена во просек и недостасуваат седум од осумте клучни минерали, а на просечниот маж, пет од осум.
Клучни витамини и минерали кои се од суштинско значење за функционирањето на телото:
Магнезиум, важен е за доброто функционирање на мускулите, неопходен во работата на нервниот систем и неизбежен за здрави коски. Ќе го најдете во зелен зеленчук, млеко, семе од сончоглед и индиски орев.
Калиумот, како и магнезиумот, е од суштинско значење за нервниот систем и мускулите. Покрај тоа, го регулира крвниот притисок. Ќе го најдете во житарици, мешунки, месо и млеко.
Бакарот помага да се користи енергијата од храната, помага во одржување на бојата на косата и кожата и помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Ќе го најдете во мешунките, црниот дроб и оревчестите плодови.
Селенот помага во формирањето на сперматозоидите и игра голема улога во зајакнувањето на имунитетот. Исто така помага во здравјето на косата и ноктите, и се наоѓа главно во морската храна и бразилски ореви.
Јодот е од суштинско значење за производство на хормоните за раст, особено за мозокот. Се наоѓа во млекото и морски плодови.
Железо помага во формирањето на црвените крвни клетки. Се наоѓа во црвеното месо и јајцата.
Цинкот е неопходен за плодноста и го има во оревчестите плодови и црвеното месо.
Калциумот е од суштинско значење за здрави коски, силни мускули и згрутчување на крвта. Го има во млечни производи, конзервирана риба и зелен зеленчук.