Првиот исчекор на брендот Гучи во светот на декорацијата на домот, минатата година многумина ги остави без текст. Оваа линија ни го претстави афинитетот за раскошот, кој го негува Алесандро Микеле.
Меѓу најновите парчиња на овој бренд кои посебно се истакнуваат е фотељата која нè потсетува на средновековниот период, а во дваесет и првиот век е транспонирана со употреба на кожа или сомот. Креативниот директор на овој бренд, кој претходно покажа интерес за дизајирање на ентериери, креираше предмети за дома, така што сега тие не се само визијата на Гучи за еден дом, туку имаат своја практична нота.
Со занает кој е длабоко вграден во модата, овој концепт на Гучи е сличен на модната филозофија на брендот. Затоа, декорот кој го претставуваат не е наменет за одредени простории, туку за целиот дом, со идејата дека овие парчиња нудат идеално решение за сите оние кои сакаат нивната омилена соба да биде модерна како нив.