Новата колекција Resort 2019 на Givenchy ни докажува, дека британската дизајнерка Claire Keller навистина ја заслужува врвната позиција во парискиот haute couture бренд.
За сезоната 2019, Keller ја наоѓа модната инспирација во спортските линии на Givenchy од 1980-тите, вешто комбинирајќи силни графички принтови, истакнати силуети и нежни ткаенини со исклучителен современ крој …
Колекција Givenchy Resort се одликува со спектар на бои кои се движат од корално црвени преку нежните циклама до комбинација на кобалтно сиви нијанси применети на свили и кожи.
Модните додатоци, исто така, играат важна улога: чизми со ретро потпетица, преголеми ремени и торби за струк, се парчиња кои со својата естетика го интензивираат ефектот на блескавата диско-епоха, која ни го отвори бесконечниот простор на слободниот моден израз.