Новата кампања на брендот Версаче за колекцијата есен-зима 2018 година, собра дури 54 познати имиња од светот на модата.
На фотографиите снимени од фотографот Стефан Мејсел се наоѓаат многу познати супер модели : Џиџи Хадид, Каја Гербер, Бела Хадид, Иман Хамам, Грејс Елизабет и многу други.
Манекените и манекенките позираат во најновите модели од колекцијата есен/зима 2018, која се состои од силни бои и јаки принтови. Препознатливите логоа на Версаче и мотивите, се во полна сила прикажани на ешарпите, маиците и здолништата.