Beyoncé оваа година влезе во историјата, станувајќи првата афроамериканка која е главна ѕвезда на познатиот Coachella фестивал, со двочасовна изведба …
Beyoncé и нејзината танцова група носеа модни додатоци, креирани од креативниот директор на брендот Balmain, Olivier Rousteing. Фановите на познатата пејачка и модната куќа сега ќе имаат можност засекогаш да бидат дел од Beychell треската, бидејќи се појави нова капсула колекција Balmain x Beyonce.
Оваа линија содржи сечени дуксери и маици инспирирани од модниот изглед на пејачката за време на фестивалот Coachella. Предметите од колекцијата исто така го содржат логото BAK, кое беше на нејзиниот жолт дуксер. Заработувачката од продажбата на оваа колекција ќе оди во корист на фондот United Negro College, организација која им помага на афроамериканските студенти .