Принцот Хари и Меган Маркл вчера ја посетија изложбата организирана во чест на одбележувањето на 100-тиот роденден на Нелсон Мандела, а брачниот пар блескаше во елегантни, но сепак лежерни комбинации.
Хари беше прилично згоден во бела кошула, сиво сако и беж панталони, но сепак целото внимание беше свртено кон неговата сопруга Меган, која за помалку од два месеци од венчавката, успеа да го стекне статусот на модна икона.
Новата војводка од Сасекс повторно се одлучи за бојата што најчесто ја носи, а таа е една од бежовите нијансите. Таа прошета во фустанот на канадската марка House of Nonie, која наликува на познатиот trench baloner, со торба потпишана од Mulberry и Dior сандали, асè беше во истиот розово-беж тон.
Не можевме а да не забележиме дека на убавата Американка косата повторно и беше врзана во ниска пунџа, а оваа фризура полека, но сигурно, стана нејзин заштитен знак.
Таа повторно ја одушеви британската јавност со новото издание и успешно го помина уште еден моден тест.