Дали и вие работниот ден го започнувате со кафе и зошто воопшто го пиеме кафето?
Причината може да биде нејзиниот примамлив вкус, позитивното влијание врз концентрацијата и продуктивноста, или пак тоа што е одличен повод за пауза и разговор. А можеби заради сето тоа погоре!
Бројни студии покажуваат дека кај вработените кои прават заедно кафе паузи, се чувствува поголем тимски дух и ја зголемува желбата за работа.
Интересно е тоа, дека терминот “кафе пауза” го смислило американското биро за кафе во 1952 година, со цел да се зголеми потрошувачката на кафе, со слоганот:
“Дозволете си кафе пауза и искористете ги нејзините потенцијали”.
А дали сме свесни за сите потенцијали кои ги крие кафето? Тоа што е во кафето, се често заборавените антиоксиданти! Антиоксидансите се соединенија кои се важни за неутрализирање на вишокот слободни радикали и спречување на нивните штетни ефекти. Со редовна и соодветна доза, овие соединенија придонесуваат за зачувување на здравјето, забрзување на метаболизмот и спречување на задржување на течности додека се елиминираат токсините од телото. И борбата против слободните радикали го спречува создавањето на оксидативниот стрес во нашето тело.
За важноста на антиоксидантите, повеќето луѓе мислат на овошјето и зеленчукот. Но, кафето е одличен извор на антиоксиданти. Интересно, во однос на нивната количина кафето е на прво место, пред црниот, зелениот чај, црвеното вино и какаото.
Причината за ова е хлорогенската киселина, една од најмоќните антиоксиданти, пронајдена во сировото кафе.
Барајте на пазарот кафиња со додаден природен сиров екстракт од кафе.
Според ова, кафе паузата е добар избор за подобри колегијални односи, како за продуктивноста, така и за поздрави одлуки.