Брендот Kenneth Cobonpue, претстави иновативни дизајни, од кои секој има своја приказна која ви носи радост …
Во согласност со филозофијата која овој бренд ја негува со години, сите колекции што се презентирани оваа година, се инспирирани од различни елементи на природата и се создадени како неверојатно разновиден избор.
Од имагинативни и забавни, до извонреднаи и елегантни, овогодинешната понуда на брендот ни ветува нешто сосема поинакво и уникатно.
Во морето на монотонијата која најчесто ни ја нудат комерцијалните производи и технологијата, Kenneth Cobonpue инсистира на автентичноста и индивидуалноста, па затоа ни нуди рачно изработени и органски природни парчиња мебел.
Она што им дава вредност на нивните креации е чувството за авантура проткаено низ секоја збирка. “Луѓето ги сакаат филмовите, социјалните мрежи и играчките, бидејќи им обезбедуваат врата за да избегаат од реалниот свет. Сакаме оригиналност, транспортирајќи ги луѓето во светот на фантазијата и имагинацијата “, рекоа главните од овој бренд.