Ако ова е прв пат да слушнете за италијанскиот бренд Olympia Ceramica, не се чудете, затоа што најверојатно не сте единствените, но ние сме сигурни без сомнение, дека од сега па натаму, добро ќе го запаметите ова име …
Овој бренд неодамна ги обелодени прекрасните лавабоа за купатила кои се инспирани од грамофоните и обезбедуваат чист изглед со ретро вибрации, на кои што едноставно невозможно е да им се одолее.
Едноставно наречени Vinyl, најновата колекција на Olympia Ceramica вклучува лавабоа и конзоли инспирирани од носталгијата на Џанлука Палуди за 1980-тите, кога диџејската култура доминирала на диско сцената, првенствено со грамофоните, а не со лаптопови и USB стикови, како што денес.
Денес, овие технички уреди претставуваат се што ви треба за да започне забавата.