Во овој хотел на Ибица, гостите престојуваат во соби обоени во бои на бонбони дизајнирани со видливо арт деко влијание, додека на уметниците кои престојуваат во резиденциите на хотелот им се нудат транспарентни апартмани во лобито ..
Хотелот “Парадаисо Ибица” беше отворен минатиот месец на северозападниот брег на Балеарските Острови, не толку далеку од познатиот ноќен живот кој се одвива во одморалиштата на Сан Антонио.
Мисијата на овој угостителски објект е да понуди алтернативни сместувања и опции на островото за забава, создавајќи разновидни и активни уметнички програми за гостите и други останати туристи кои можат да уживаат во нив за време на нивниот престој.