Ова лето, заборавате на огромните еднорози, фламинга и гумените крофни, бидејќи Disney ја претстави совршената летна “Pool Party” колекција, инспирирана од омилените ликови на анимираниот филм “Малата сирена”.
Во соработка со Oh My Disney, најпопуларниот бренд на светот, ни нуди различни производи кои ќе ја надополнат секоја летна забава, без разлика дали сте на базен или на плажа.
Пешкири во облик на опашка на сирена, сирена-хулахопки, влечки, се само дел од оваа Disney морска колекција, а покрај овие облеки има и парчиња наменети за забави покрај базени – како Bluetooth звучници и преслатки гумени држачи за чаши со облик на морски коњчиња.
Ова лето знаеме каде сакаме да бидеме – таму каде што се сирените.