Лето е … и секој од нас се обидува да претстојува колку што може повеќе надвор, уживајќи на свеж воздух и сонце.
Ручањето во екстериерот претставува иделно решение кое секој од нас го обожува, а ако имате простор за јадење на отворено, мал или голем, можете дополнително да го освежите со детали кои креираат гостопримлива атмосфера.
Ви нудиме неколку идеи за брза промена на оваа зона и нејзиното трансфорање во многу помодерен простор.
Додадете: светли бои, различни столици кои се вистински тренд, плетена трска или ратан и топла расвета во вид на лампи и свеќници.