Летото не престанува да нè инспирира на уживање и хедонизам во овие долги топли денови, а токму тоа е и мотивот на новата колекција Zara Home.
Zara Home ни нуди подолг престој на отворено, а во склад со тоа креирани се и додатоци за тераси и градини кои ја рефлектураат убавината на југот.
Едиторијалот на Zara Home на страниците ни претставува фотографии од прекрасен двор со поглед кон морето, во кој совршено е вклопен металниот кевет, постелнината и домашниот текстил во боите на најубавиот залез на сонцето, како и шармантните додатоци, кои со својот дизајн посебно се издвојуваат, тоа се рељефните шољички со разиграни етно мотиви и елегантните кристални чаши.