Не плашете се да планирате трудничко летување, бидејќи тоа не значи дека нема да уживате само затоа што е различно од сите претходни.
Летото е тука, а вие по малку се плашите од одење на летување.
Стотина прашања ви се моткаат по главата, а од некои ве фаќа вистинска паника. Дали ќе добиете труднички дамки на сонце? Можете ли да настинете пливајќи во морето? Смеете ли да се напиете чаша вино по романтична вечера? Сите овие прашања ви паѓаат на памет додека размислувате – да се оди на одмор или не.
Патувањето е корисно затоа што ќе бидете порелаксирани и ќе се чувствувате подобро. Ќе го искористите последниот одмор на кој можете целосно да се посветите себе си и ќе соберете енергија за напорите кои ќе ве очекуваат за време и по породувањето.
Тоа што ќе ви обезбеди удобен и безбеден одмор е добар план и зголемена претпазливост. Запомнете дека бременоста го променила вашето тело – однатре и однатре.