Апстрактни форми, материјали од врвен квалитет и примамливи дезени ја освежуваат новата колекција на предмети од кожа на брендот BVLGARI кои геометријата ја враќаат во модата …
Новата BVLGARI есен/зима 2018 колекција на галантерија и кожни предмети, практично претставува модерна форма со прекрасна палета на шари, скулптурални форми и контрастни текстури, кои најверојатно ќе ве воодушеват на прв поглед, а ќе ви помогнат да оставите траен впечаток.
Супер-шик торбите кои се носат преку раме, имаат дополнителни многу интересни мотиви, финиширани со бела агата nappa кожа и црна кожа, додека месинг деталите се во боја на светло злато и во форма на змијски глави кои дополнително ги красат.