Поголемиот дел од нас, секојдневно сме под стрес од брзиот начин на живот и малку сме уморни од толпата и бучава од градскиот живот. Ние се обидуваме да ги избегнеме сообраќајните метежи, гужвата во градот и нашата работа, за време на викендите со одење надвор во природата. Времето поминато во природата има смирувачки и освежувачки ефект.
Затоа денес ви предлагаме совршена идеја, интересно и сигурно место, каде што можете да се повлечете и да се опуштите.
Од данската дизајнерска компанија Vipp, доаѓа производот Vipp Shelter, кој може да се нарача, а вие да добиете интересна викендица во природата.
Vipp Shelter како производ е добитник на престижната награда за дизајн на магазинот Wallpaper во категоријата “Best Brand Extension”.
Погледнете како изгледа овој совршен врвен дизајн во шумската колиба …