Louis Vuitton класичните торби со монограм, одамна се наоѓаат на врвот на листата на желби на сите модни фанови ширум светот …
Ако сте љубител на оваа модна куќа и сакате да имате торба која се истакнува од другите кои имаат традиционален стил, тогаш колекцијата New Wave веројатно е совршена за вас. Инспирирана од динамичното музичко движење во 1980-тите со исто име, колекцијата вклучува торби за секојдневно носење, достапни во различни бои, вклучувајќи ја зелената Malibu и розевата Smoothie, заедно со безвременски тонови на црвена, црна и бела боја.
Шик изгледот на овие модели го комплетира златно-тонираниот синџир за носење преку раме, кој ви овозможува совршено да ја прилагодите должината. Оваа ретро-кул колекција брзо ќе се најде во бутиците Louis Vuitton, а дотогаш, можете да уживате во нашата галерија.