Колекција во која ќе се вљубите на прв поглед …
Лорета Гудељ дизајнерка на брендот Loré, има нова кампања за колекцијата Las Coloradas/Puebla, инспирирана од мексиканските природни локалитети, розовата лагуна на полуостровот Јукатан, колонијалната архитектура на Puebla и Guadalajara и уметничките дела на Daniel Buren изложени во Hospicio Cabañas Capilla Tolsá.
Мораме да признаеме дека сме воодушевени од целата колекција. За дизајнерката е познато дека инспирацијата ја наоѓа во земјите на Латинска Америка каде живеела некое време, а нам ни е драго што таа своја фасцинација од тие земји ја преточува во прекрасни креации и уметнички проекти.