Благодарение на супер креативниот тим на италијанските дизајнери, играта никогаш не запира.
Stüda е разиграна колекција на Studio Nine, модуларен мебел кој е целосно компатибилен со Lego коцките.
Мебелот е направен од материјал corian кој доаѓа во различни бои, а неговата површина е покриена со познатите рељефни точки на кои можат да се постават Lego коцките.
На овој начин, елегантните кабинети стануваат совршено тридимензионално платно кое нуди бескрајно многу опции, модерен мебел и секогаш менлив.
Ова отвора можности, посебно за тие кои со децата заедно можат да се забавуваат во украсувањето на мебелот, но не се сомневаме дека мебелот Lego ќе го посакаат и сите оние, кои долго време биле фанови на легендарниот бренд.