Вчера вечер во Музејот на град Скопје беше отворена изложба на Лидија Саздовска
Изложбата на Лидија Саздовска во Музејот на град Скопје е конципирана и поставена во пресрет на одбележувањето на четири децении ликовно творештво кое слоевито го создаваше во континуитет сите овие години. Таа претставува пресек од севкупниот ликовен опус, но и значајно сведоштво на автономни творби што емотивно пленат и ликовно восхитуваат.
Изложата ќе трае до 25.06.2018 година.