Tропски принт: неколку одлични начини како да го носите за време на најжешките денови
Не постои принт кој што повеќе асоцира на лето, па зошто тогаш да не го внесете во своите летни секојденевни комбинации …
Апликацијата на палми, ананас и тропски прашуми се вистински синоним за лето и затоа не ја пропуштајте можноста да ги носите оваа сезона во духот на Јамајка, Малдиви и Бразил.
Сам по себе, тропскиот принт е впечатлив, забавен, шарен, така што ќе ви треба само еден таков детаљ, како маица, шорцеви, марама за коса или горниот дел од костимот за капење.
Ние подолу ви нудиме неколку идеи, како ова лето да бидете главната тропска принцеза …