На социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм во последно време можеме да забележиме дека модните инфлуенсерки и блогерки масовно ја носат новата торба на модната куќа “Dior” наречена “Book Tote”.
Персонализирана торба која ја красат две рачки, која исто така може да се носи и на рамо. Поради големината на нејзината внатрешност таа може да се носи и на патување па и на ако одите на плажа.
Моделот е на добар пат да стане култен дизајн на Maria Grazia Chiuri.