По првата заедничка колекција на патики и спортска опрема што ги израдува сите љубители на брендот Converse, поп-ѕвездата Miley Cyrus повторно ги здружи силите со познатиот американски бренд.
Причината за овој креативен собир е кампањата предводена од Фондацијата Happy Hippie, основана од Miley Cyrus. Од своето основање, Happy Hippy е посветена на подобрување на позицијата на младите ЛГБТ членови.